ЧИКО ЛУКС ДОО е компанија основана во 2007 година како мала семејна работилница за производство на тестенини, кори за баклава, бурек,  пита и гибаница. При изработката на нашите производи користиме суровини со врвен квалитет, искуство и традиција,која секојдневно ја подобруваме и овозможуваме да го донесеме автентичното задоволство на домашни кори низ земјата. Со желба да бидеме достапни за сите, снабдуваме објекти за малопродажба и големопродажба како и угостителски објекти. Од основањето до денес, рецептот на нашите производи не е променет, како и автентичниот начин на рачна изработка.За постигнување на нашите цели, ја почитуваме политиката за квалитет, како и спроведување системот HACCP.