ПИТА СО СИРЕЊЕ
Ви претставуваме стари кулинарски рецепти, со желба да ги доближиме до модерните домаќинки.
Потребни состојки:
500гр кори за гибаница
3-5 јајца
400-500 гр полномасно старо бело сирење и малку крем или павлака
0,25 l кисела вода (или малку повеќе, доколку е потребно)
1 прашок за пециво,
Масло по вкус
Сол
Подготовка:
Во поголем сад изматете ги јајцата, потоа додадете го сирењето и изгмечете го со вилушка. Кога целото сирење ќе се изгмече, добро измешајте за да се распореди рамномерно.
Додадете кисела вода, прашок за пециво и малку масло. Сè добро измешајте.
Се зема една по една кора и се потопува целата во подготвената смеса.
Процедете го тоа, но помеко и нежно – треба да направите лабава гужвана кора, никогаш постегната или поцврста отколку што треба.
Направените набори наредете ги еден врз друг во намрсен висок плех.
Доколку на дното од садот останат трошки сирење што не ги „фатиле“ корите, рамномерно
залепете ги меѓу наредените кори.
Печете во рерна околу 40 минути, додека не порумени.
Наздравје!